Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските подрачја е умерен и се одвива без поголеми потешкотии. На граничниот премин „Дојран“ утрово за излез од државата се чека околу 30 минути, додека на „Табановце“ задржувањата се до 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна не се евидентирани подолги чекања за влез и излез, соопштува Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, најчесто по суви коловози и без поголеми застои.
АМСМ потсетува дека од 15 ноември 2025 година е на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите возила, без разлика на временските услови, а истата ќе важи до 15 март 2026 година.
Од Сојузот апелираат возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни на делниците низ котлини, клисури и речни долини, каде што постои ризик од појава на одрони, особено на патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



