АМСМ: Слаб снег на патиштата кон планинските превои и Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во раните утрински часови има слаби врнежи од снег на Попова Шапка, како и на планинските премини Пресека и Ѓавато, но без проблеми во одвивањето на сообраќајот, известија од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Оттаму потсетуваат дека законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март.

Претходна вестВремето денеска сончево со мала облачност
Следна вестВонбрачен сопруг на сила внел девојка во „голф“ и ја претепал со тврд предмет