Анализа на 199 примероци покажала дека скопската вода е безбедна за пиење

Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода, потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе локации во градот спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ова градско претпријатие.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 21.11.2022 до 25.11.2022 зема 199 примероци за физичко-хемиска и 199 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Скопје.

 

 

Претходна вестПочнува божикниот пост во спомен на Исус Христос кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва.
Следна вест953 возачи казнети за брзо возење, се возело и 70 километри на час повеќе од дозволеното