Анализа на примероци од 45 мерни места: Водата во Скопје квалитетна за употреба

Водата што ја пијат граѓаните на Скопје е добра и квалитетна за употреба, соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација“.

Секторот за санитарна контрола на оваа градско претпријатие во периодот од 20.03.2023 до 24.03.2023 зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), се наведува во соопштението.

Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Претходна вестЈовиќ: Искрено не очекувавме ваква игра, по прекинот излеговме на терен како друга екипа
Следна вестИма ли метла за дивите депонии?