Анализа на примероци од 39 места: Водата во Скопје е безбедна за пиење

Безбедна за пиење е водата на подрачјето на Градот Скопје, соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација“.

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, објави резултати од неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.02.2023 до 03.03.2023 зема 183 примероци за физичко-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), известуваат од „Водовод“.

Претходна вестОбединета македонска дијаспора: Грчките власти да ги осудат членовите на групата што го нападнале архимандритот Царкњас
Следна вестНад 60 лица возеле пијани, 288 пребрзо…