„Андреграунд“ на Кустурица во пет најдобри воени филмови од 90-тите

Филмот Емир Кустурица „Андреграунд“ на Емир Кустурица се најде на петтото место меѓу најдобрите воени филмови од деведесеттите, според познатиот американски портал „Мувивеб“, специјализиран за критики и преглед на достигнувањата на седмата уметност. Приказната инспирирана од драмата на Душан Ковачевиќ се најде во друштво на на филмовите „Сталинград“, „Тенката црвена линија“, „Животот е убав“, „Шиндлеровата листа“ и „Спасување на војникот Рајан“.

„Андреграунд“ во режија на Емир Кустурица е сатиричен српски воен филм кој освои Златна палма во Кан во 1995 година. „Андерграунд“ ја следи приказната за двајца пријатели кои се подготвуваат за претстојната германска инвазија на Србија, додека собираат залихи од храна и оружје и се упатуваат под земја.

Војната завршува, а Блеки (Мики Манојловиќ), единствениот на кој му е дозволено да го напушти подземниот бункер, избира да не ги информира своите пријатели за крајот на војната – пишува оваа веб-страница.

„Андреграунд“ беше награден со Златна палма од жирито во Кан во 1995 година како најдобар антивоен филм, а Кустурица откри дека филмот е снимен благодарение на поддршката што ја дал продуцентот Карл Баумгартнер.

– Ми даде потполно одврзани раце. Денес нема луѓе како Карл. Тој патувал низ светот и барал млади таленти. Го снимав филмот неколку години и потрошив многу пари, за што често ме обвинуваа. Меѓутоа, кога го видоа резултатот на првата проекција во 1995 година, не можеа да аплаудираат поради шокот,

Маестралните улоги ги играат Лазар Ристовски, Предраг Мики Манојловиќ, Мирјана Јоковиќ, Славко Штимац, Срѓан Тодоровиќ, Бата Стојковиќ, Мирјана Карановиќ и многу други. Музиката во филмот е на Горан Бреговиќ.

Благодарение на „Андреграунд“, Кустурица стана еден од шестте режисери на светот кои два пати освоија Златна палма. Првата ја доби за филмот „Татко на службен пат“.

Претходна вест„Мајстор“ добил кривична откако наплатил 55 илјади денари за кујна која никогаш не ја направил
Следна вестТоблероне веќе никогаш нема да биде исто