
Апел до граѓаните во загрозените подрачја со пожари да прават противпожарнипојси упати денеска Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.
Вчера на територијата на државата имаше вкупно 46 пожари, од кои 27 целосно се изгаснати. Под контрола се 5 тешки пожари, а во моментов активни се 14.
Според првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов, пожарникарите работеле во текот на целата ноќ и со поддршка на јавните комунални претпријатија и тешка механизација, со поддршка на локалното население, направиле вистински подвиг и ставиле под контрола дел од пожарите и обезбедиле повеќе населени места.
-Апелирам до сите сопственици на куќи и викендици во планински и напуштени села, да направат мек противпожарен појас околу имотите. Истовремено, ги повикувам сите жители на селата кои можат да бидат зафатени од пожари, да направат противпожарни појаси околу селата, широки по 20 метри, ораници од големи трактори и некаде да се исчисти со булдожер. Не можеме да претпоставиме каде ќе избие нов пожар. Проблем е силниот ветер, кажа Ангелов во видео-обраќање.