Ангелов: Мостот гореше на 1.000 степени, а металната арматура на 600 ги губи својствата

На мостот на Вардар на кој имаше пожар можеби нема сериозна штета, но постои другата можност која што е најнепосакувана и до која што искрено се надевам дека нема да дојде, изјави денеска Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи. На денешната конференција за печат тој рече дека во наредните денови Градот Скопје ќе излезе со точна информација какви се штетите и на кој начин мостот ќе биде саниран.

-Податоците коишто ги добив од Противпожарната бригада на Град Скопје велат дека според видот на огнот температурата при пожарот била повисока од 1.000 степени Целзиусови. Бетонската подлога од долната страна на мостот која што го штити мостот ги губи дел од своите својства над 400 степени Целзиусови, додека металната арматура над 600 степени постои опасност да изгуби дел од своите својства. Поголемата опасност е во тоа што носечките елементи на мостот се на долната страна, оние коишто во суштина го држат целиот мост, а пожарот беше токму под нив, истакна Ангелов.

Стручните лица, како што кажа, ќе излезат со точен податок колкава е штетата по мостот, а врз основа на тоа ќе се одлучи дали  воопшто ќе може да се реновира мостот. Односно, колку време ќе биде потребно мостот да се стабилизира доколку се утврди дека штетите не се толку големи.

Ангелов рече дека аасега на државата не и се заканува опасност од големи поплави

-Состојбата  будно се следи од страна на соодветните институции. Можноста за впивање на водата од наредните дождови веќе е намалена и затоа со зголемено внимание треба да ги следиме состојбите со дождовите, рече Ангелов на денешната прес-конференција.

 

Претходна вестСемејството одбило 30 милиони евра за да не се иселат од своето земјиште
Следна вестТалески: Полицаецот без причина ме удри со пендрек во главата