Анкета на ИПСОС: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност над СДСМ, огромното мнозинство против францускиот предлог

Доколку на следните избори би се кандидирале само партии а не коалиции ВМРО-ДПМНЕ би добила 19,7 отсто од гласовите на граѓаните а СДСМ 9,5 проценти, покажала теренската анкета на ИПСОС. Агенцијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ спроведе теренска анкета на јавното мислење на 1.014 испитаници за периодот од 01 до 18 јули 2022 година. Анкетата се однесува на повеќе актуелни прашања.

На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии, а не коалиции за ДУИ би гласале 6,2 отсто, Левица 5,9 проценти, Алијанса за Албанците 2,8 отсто… Не би гласале 12,2 отсто од испитаниците, без одлука се 22,5 отсто, а одбиле да одговорат 17 отсто.

-58 отсто од испитаниците одговориле дека не го поддржуваат францускиот предлог за надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија. За францускиот предлог се 26 отсто од испитаниците, покажала анкетата.

Граѓаните на Македонија и натаму сметаат дека најголеми проблеми за државата се економијата (економската состојба/финансиите)  20 отсто, лошиот стандард 16 проценти, францускиот предлог/Бугарија 8 отсто, невработеноста 7 проценти, политика, политичка криза, партизираното општество 4 отсто, корупцијата и криминалот 4 проценти, здравството  отсто, проблеми со идентитетот на државата 2 отсто, промената на името 2 отсто, влез во ЕУ, евроинтеграцијата 1 отсто…

-36 отсто од испитаниците дале оценка 1 за досегашното работење на Димитар Ковачевски како премиер на Република Македонија. Двојка дале 15 отсто од испитаниците, тројка –  20 проценти, многу добар е премиерот сметаат 11 отсто од испитаниците, а дека е одличен – 8 проценти.

Претходна вестЖена загина во пожар во куќа во Стар Дојран
Следна вестСДСМ: Мицкоски нарачува анкети за да си ја задржи фотелјата