Анкета:  ВМРО-ДПМНЕ со рејтинг од 19 отсто, СДСМ со 9 проценти

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ има предност од десет проценти во однос на владечаката партија СДСМ, покажува новата анкета што ја направи ИПСОС.

Резултатите од анкетата покажуваат дека во моментов највисок рејтинг има ВМРО-ДПМНЕ со 19 отсто додека за владејачката партија СДСМ се изјасниле само 9 проценти од граѓаните. Натаму следуваат ДУИ со 6 отсто, Левица 5 проценти, Алијанса на Албанците 2 отсто, и Беса, ДПА и Алтернатива со по 1 процент.

Теренската анкета е спроведена од 2 до 21 на 1.021 испитаници, по нарачка на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку вонредните парламентарни избори би се одржале во ноември, на гласање би излегле 45 отсто од партиски определените граѓаните запишани во избирачкиот список.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има највисок рејтинг меѓу политичарите. Прашани да ја оценат работата на политичарите со оценка од 1 до 10, најголем дел од анкетираните висока оценка дале за Мицкоски. Неговата работа е оценета со 7, додека премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и на Левица, Димитар Апасиев добиле тројки. Според изјаснувањето на граѓаните на второ место е претседателот Стево Пендаровски со оценка 4. Поранешниот премиер Зоран Заев, пак, е оценет со 1.

На премиерската функција 74 отсто од Македонците го гледаат Христијан Мицкоски, додека за Димитар Ковачевски се определиле 26 отсто. Кај Албанците, пак, сликата е обратна, дури 80 проценти му даваат предност на Ковачевски, наспроти 20 отсто за Мицковски. На прашањето „Дали го поддржувате францускиот предлог“, 61,8 проценти од испитаниците одговориле „не“, а 25, отсто одговориле „да“. Кај Македонците доминира „не“ кај дури 75 проценти, а само 13 отсто се изјасниле со „да“.

На прашањето „Дали Македонија се движи во правилна насока“ високи 66, 3 отсто оцениле дека се движи во погрешна насока, а не цели 20 проценти или 19,8 отсто одговориле со „да“. Интересно е што над половината од испитаниците, 54 проценти, кои на последните парламентарни избори гласале за СДСМ, сега оценуваат дека Македонија се движи во погрешна, а 36 отсто  во правилна насока. Економската состојба е загрижувачка за 22 отсто од испитаниците.

Претходна вест Специјалци од „Тигри“, нуркачи… го бараат исчезнатиот возач кај Желино
Следна вестПовторно кавги во Советот на Скопје: Арсовска и Славески во нова караница