Анкета: За Македонците Србија е најпријателска земја

Србија e најпријателска земја. Вака мислат најмногу односно 45,3 од граѓаните на Македонија. Додека САД се број 1 во однос на придонесот за демократскиот развој на земјава, а ЕУ се први во однос на придонесот за економскиот развој, покажуваат првичните резултати од анкетата спроведена од ПРЕСПА Институтот во периодот април – мај, на примерок од 1500 испитаници.

Според иницијалните заклучоци, Србија е перцепирана како најголем пријател, најважен критериум се заеднички вредности и „интереси“, не демократијата или економијата. САД, ЕУ и Србија најмногу придонеле за демократскиот развој. За економскиот развој најмногу придонеле ЕУ, Србија и САД, културата, религијата и традицијата се најважни вредности за сите старосни групи, а односите со соседите не се ниту добри ниту лоши.

На прашањето генерално гледано, која држава или меѓународен сојуз/унија е најголем пријател на Северна Македонија, по Србија, според анкетата, следна земја најпрепознатлива како пријател е Косово со 9 проценти, САД 6,8, а четврта е Трција со 6,7 отсто. Албанија ја сметаат за пријателска земја 5,6 отсто од испитаниците, ЕУ 5,1 отсто, Германија 1,5, а за НАТО се определиле 1,1 отсто од анкетираните Од регионот Грција и Црна Гора имаат 0,5 проценти, а за Бугарија се изјасниле 0,2 проценти од испитаниците, колку што се изјасниле и за Кина. Русија ја избрале 1,1 отсто испитаници. Додека 10,3 од анкетираните кажале дека ниту една земја не ја перцепираат како пријателска, а 3,2 отсто одговориле не знам.

За 61 процент од испитаниците членството во ЕУ е најдобра опција за државата, 34 отсто дека треба да бараме друга алтернатива. За тоа зошто е ЕУ најдобра опција, за најголем број од нив речиси 90 отсто тоа е економскиот развој и нови работни места, па следат владеење на правото, почитување и заштита на човековите права па антикорупција.

Претходна вестПуштен во употреба магистралниот пат Куманово-Страцин, рехабилитиран по 32 години
Следна вестАнкета: ВМРО-ДПМНЕ со рејтинг од 17 отсто, СДСМ со 12 проценти