„Анте Поповски – Антево перо“ од 24 до 26 септември во Скопје и Лазарополе

Во Скопје и Лазарополе, од 24 до 26 септември ќе се одржи годинешното, четврто по ред издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Оваа година се очекува најбогата програма заради тоа што се навршуваат 90 години одд рагањето на книжевниот великан.

Отворањето е во петок, со почеток во 19,30 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност, со беседа на проф. д-р Кристина Николовска. Следниот ден во сабота, манифестацијата ќе продолжи во Антевото родно Лазарополе, со научниот симпозиум „Антево дело“, којшто од годинава има меѓународен карактер.

Во Лазарополе ќе се одржи и вечер со творештвото на академик Анте Поповски, именувано според неговата прва книга – „Одблесоци“, а во текот на третиот ден од манифестацијата, учесниците ќе ја посетат неговата родна куќа по што во Паркот на книжевноста ќе се одржи поетското читање „Провиденија“, со коешто програмата ќе биде заокружена.