Апасиев: Eдинствени бележиме раст, ќе имаме советници во 30 општини

По првиот изборен круг „Левица“ е задоволна од постигнатите резултати. Велат ги оствариле поставените проекции.

– Имаме 15 пати поголем раст од минатите локални избори и четирикратен раст од парламентарните избори, со што сме единствена партија која што бележи тенденција на раст. Во поглед на пресекот на минатите избори каде што имавме само тројца советници, сега имаме советници во речиси 30-тина општини. Евидентен е растот на Левица, ние сме задоволни од овие избори, тоа беше нашата примарна цел – Левица да влезе во советите, истакна Апасиев.

Според него, кандидатите за градоначалници на Левица, секаде се трети и не влегуваат во вториот круг. Сепак е зазадоволен бидејќи е нанесен пораз на СДСМ.

– Конечно е завршено долгоочекуваниот процес на пасокизација на СДС, и Левица го зазема сигурно приматот во левиот спектар. Хибридниот режим на Заев, е веќе на завршеток и тоа е добро општо како политика на ниво на држава, изјави Апасиев.

Според него, опозициските тенденции се евидентни и можно е одржување предвремени парламентарни избори по локалните. Тој нагласи дека ако евентуално има предвремени парламентарни избори, Левица би одела сами, а постизборно можно е да преговара за состав на Влада.

 

Претходна вестЗемјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
Следна вестПрилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци