Откако на вчерашната Седница во Собранието парламентарното мнозинство ги изгласа измените во КЗ преку кои се намалуваат казните за Злоупотреба на службената положба и овластувањата и за кривичното дело злосторничко здружување денес преку својот профил се огласи пратеникот Димитар Апасиев. Според него со овие измени се амнестирани и тројца актуелни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.
– Тројца актуелни претеници на ДПМНЕ се ослободуваат од кривичен прогон со вчерашните измени на КЗ. Уште пет и “Бугари у Устав”!, напиша на својот Фејсбук профил Апасиев.
Инаку од Левица обвинуваат дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со тоа што обезбедиле кворум овозможиле изгласување на измените на Кривичниот закон.