Апасиев удрил проста математика на анкетата и објаснил за „премиерската пизма“

Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, ја видел најновата спроведена анкета за рејтинџите на партиите во Македонија и пресметал, а потоа и објаснил преку Фејсбук зошто е „пизмата на премиерот“ кон неговата партија.

Во продолжение ви го пренесуваме целото негово пишување:

-Ај една ПРОСТА МАТЕМАТИКА

Според најновите анкети, Левица има рејтинг од околу 6%, а коалицијата предводена од СДСМ – околу 10% (плус-минус).

Е сега… Владејачката коалиција на СДС брои 26 одделни партии! За да формирате една партија, по закон, ви требаат најмалку 1.000 членови (25 партии x 1.000 луѓе = 25.000 гласови).

Ако барем најблиската фамилија на основачите гласа за таа партија, тоа би му било по уште минимум четири гласа од член (25.000 основачи x 4 роднини = 100.000 илјади гласови).

Оттука, според рејтингов, цела владејачка коалиција е падната под 200.000 гласови на ниво на држава. Ако на оваа бројка ги одземете коалиционите „додадени гласови“ коишто СДС ги добива од своите партнери и ги соочите партиите „сам на сам“ (само СДС vs Левица) = би добиле дека партијата СДС тежи под 100.000 гласови, а партијата Левица над 105.000 гласови!

Е, сега, разбирате нели од кај иде премиерската пизма против Левица овие денови, напишал Апасиев.