Апасиев за изборна пресметка „сам на сам“ Левица vs СДСМ

Лидерот на „Левица“ уште синоќа истакна дека партијата е задоволна од постигнатите резултати на изборите. Пред малку пак, тој, преку Фејсбук објасни во каква ситуација е сега десницата во Македонија, но особено што се случува лево, поточно со СДСМ.

Пишувањето ви го пренесуваме во целост:

-На овие историски избори, десницата се консолидираше. А на левиот политички простор, конечно се оствари нашето пророштво – започна толку посакуваната ПАСОКИЗАЦИЈА на СДС на Нашата Земја.

Епа аj, на примерот на Аеродром, попластично да ви го објаснам политичкиот феномен на пасокизацијата:

* СДС (+20 партии во коалиција) = 25% гласови.

* ЛЕВИЦА (сама) = 18% гласови.

Значи, можете да претпоставите шо би се десило да сме у комбинација „сам на сам“ (Левица vs СДС), напишал Димитар Апасиев.

Инаку тој претходно изјави дека на изборите ги оствариле поставените проекции.

– Имаме 15 пати поголем раст од минатите локални избори и четирикратен раст од парламентарните избори, со што сме единствена партија која што бележи тенденција на раст. Во поглед на пресекот на минатите избори каде што имавме само тројца советници, сега имаме советници во речиси 30-тина општини. Евидентен е растот на Левица, ние сме задоволни од овие избори, тоа беше нашата примарна цел – Левица да влезе во советите, истакна Апасиев.

Претходна вестШилегов против Арсовска води само во Сарај, Шутка, Чаир и Центар
Следна вестМухамед Бајрами е новиот тренер на Македонија Ѓорче Петров