Апел до возачите да не управуваат со возилата под дејство на алкохол, упати денеска Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.
-Бидете внимателни за време на Новогодишните празници, почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот, не управувајте возило под дејство на алкохол, возете одговорно и патувајте безбедно, се наведува во апелот.
РСБСП предупредува дека возењето под дејство на алкохол е опасно и може да предизвика материјална штета, но и повреди и загуба на човечки животи.
-Не дозволувајте непромислена грешка во сообраќајот да го наруши вашето и спокојството на другите. Уживајте во празничното расположение, прославувајте одговорно и возете безбедно, наведуваат од РСБСП.