Да се избегнува непотребно трошење на вода за полевање зеленило, бавчи и ниви, за миење автомобили, за полнење базени, но и да се спречи злоупотребата на водата преку дивите приклучоци, апелираат од ЈП „Видовод и канализација“. До апелот доаѓа откако деновиве надворешните температури во Скопје се искачија околу 40 степени, со што се зголеми и потрошувачката на вода.
-Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје. Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, да го пријават на 02 3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk, www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација, велат од јавното претпријатие.
Оттаму објаснуваат дека дивите приклучоци се забранети со Законот за вода за пиење и одведување урбани отпадни води, а нив ги утврдува овластен комунален инспектор на општината и на Градот, врз основа на што за сите утврдени дивоприклучени ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело.





