Апелите не помагаат: 169 санкционирани возачи во Скопје, секој трет за пребрзо возење

На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашните сообраќајни контроли.

И овие контроли покажуваат дека непочитувањето на ограничувањето од 50 километри на час е најчест сообраќаен прекршок во градот. Односно, дека апелите за совесно возење не наоѓаат на одѕив кај дел од возачите. Но, не се намалувата ниту други прекршоци.

-Изречени се и девет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за непочитување на првенство на минување, четири мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила…, се наведува во информацијата.

Претходна вестДалеку од очите на јавноста: Синот на Талат Џафери, сопругите на Абази и Муцунски… си ги добија дипломите
Следна вестПендаровски не охрабри: СЕ НАДЕВА дека нема да има нови ултиматуми за Македонија