Апелција ги укина пресудите за екс функционерите на ДУИ осудени за уништување на изборен материјал на локалните 2013 година

Апелацискиот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими и ја укина првостепената пресуда во случајот „Титаник 3 за злоупотреби на локалните избори во Чаир во 2013 година.

-По одржана седница на ден 12.7.2021 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите И.Г. од С. и Е.А. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, пишува во денешното соопштение од Апелацискиот суд Скопје, без да се даде образожение зошто пресудите се укинуваат.

Исмет Гури и Ејуп Алими на 31 март 2020 година беа осудени на по три и пол години затвор за „Титаник 3“, заради уништување на изборен материјал во локалните избори во општина Чаир, во 2013 година.

Според пресудата обвинетиот Гури е виновен затоа што за време на локалните избори во општина Чаир, во 2013 година, заедно со сведоците Блерим Мухаџери и Ќани Точи ги преправале записниците од гласањето. Додека обвинетитот Алими, е виновен зашто преземал противзаконски дејствија за уништување на изборен материјал.

Претходна вестКазнето јавното претпријатие и директорот за горење отпад во депонијата во Росоман
Следна вестСмртноста од Ковид-19 во светот се зголеми за повеќе од 20 отсто