Аптеките во Србија добиле 2,5 милиони маски, а ќе им стигнат уште повеќе

Соседна Србија веќе нема недостаток на толку потребните маски. Имено, аптеките во Србија добиле 2,5 милиони хируршки маски, а во наредните денови ќе добијат уште 6,5 милиони.

Распределбата на заштитните маски во аптеките низ Србија почнала утрово, при што во првиот круг набавени се 2,5 милиони маски од Кина. Ова го соопшти Министерството за финансии  во Србија.

-Ова значи дека од денес, а најдоцна до утре претпладне, секоја аптека во нашата земја, дури и оние на најоддалечените места, ќе бидат обезбедени со маски“, се наведува во соопштението.

Најавено е дека денес ќе им пристигнат уште 4,5 милиони маски, а потоа уште два милиони парчиња во наредните денови.