Арсовска аплаудираше, советничка од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова стана независна

Советничката Ирена Попова во Советот на Град Скопје во иднина ќе делува како независна а не како дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на која досега и припаѓаше. Таа ова го објави на денешната седница на Советот наведувајќи дека не сака да биде дел од блокадата во работата на Градот Скопје.

-Од денеска не сум дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ќе дејствувам независно, а вие слободно можете да продолжите со заканите кои ги испраќате до мене изминативе денови. Не се плашам и ќе продолжам да работам за она што го ветив на граѓаните во кампањата, а тоа е модерно Скопје. Вие ја блокирате работата на Градот, јас нема да бидам дел од тоа, рече Попова.

Таа и во минатиот состав на Градскиот Совет беше дел од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Објавата на Попова беше пречекана со аплауз на актуелната скопска градоначалничка Данела Арсовска.

Ова е второ заминување на еден советник од редовите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Скопје. Претходно, коалицијата ја напушти Александар Трајковски, член на ГРОМ  и кој потоа беше назначен од Арсовска за заменик-градоначалник.

Коалицијата „Обнова на Македонија“ во Советот на Скопје сега ќе има 16 советници, коалицијата „Најдобро за мојата општина“ на СДСМ – 12, ДУИ – 5, Левица – 4, Коалиција Движење одлучно за промени – 2, Коалиција Алијанска на Албанците – Алтернатива – 2 и група изборачи Драгана Велковска – 2.

Претходна вестШортс : Се чувствувам како Македонец
Следна вестМалолетници со нож ограбиле 21-годишно момче во скопски Градски парк