Темен режим Режим на светлина

Арсовска го обвини Мицкоски дека стои зад блокадите во „Комунална хигиена“

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска синоќа организираше состанок на кризниот штаб и го обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад протестите во „Комунална хигиена“ и ги политизира.

-Вечерва стана јасно кој ги организира и кој стои во блокадата за нерасчистувањето во Скопје. Тоа го прави лично Мицкоски со неговите градоначалници. Сакам да му порачам на Христијан Мицкоски дека е разобличен вечерва зашто за ефтини поени сака да креира проблеми кај граѓаните, а потоа да се претставува дека ги решава тие проблеми. Таквите политичари се најголемото ѓубре кое го видело овој град и ние вечерва ќе почнеме, со чистењето на ѓубрето, да ги чистиме и нив, со навредлив тон се обрати Арсовска кон поранешниот политички партнер од локалните избори.

Арсовска пред новинарите покажа и список на кој според неа се гледа дека дури 40 лица од едно исто семејство биле вработени во ЈП Комунална Хигиена и земале со години плата од претпријатието. Таа на новинарите им покажа документ на кој стоеше презимето Дардишта, како и повеќе имиња. Во делот на функции, стоеја: метач, советник на директор, работник за собирање смет, хигиеничар.

-Од документот можете да видите дека едно презиме, односно една фамилија, во јавното претпријатие „Комунална хигиена“ има вработено се што му е род до шесто колено, рече таа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Го обвинуваат дека застарил 190 предмети: Вработени поднеле кривична пријава против шефот на Управниот суд Скопје

Следна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Да се преиспита деловната способност на Арсовска