Арсовска: Мостот „Беласица“ го запалиле несовесни граѓани

Пожарот и штетата направени на мостот „Беласица“ најверојатно ги предизвикал човечкиот фактор, изјави синоќа скопската градоначалничка Данела Арсовска. Таа во гостувањето во ТВ 21 рече дека не се знае колку долго ова фреквентна сообраќајница ќе биде затворена.

-Прелиминарната истрага покажа дека се работи за фактор човек. Имаме несовесни граѓани кои не размислуваат кои се штетите кои може да настанат, и тоа е нешто за што апелиравме и се надеваме дека МВР и ЦУК ќе ги преземат соодветните мерки да бидат елиминирани последиците и да се најдат сторителите на ова дело. Градот ги чека анализите и извештаите од МВР и од ЦУК за да почне со постапување. Треба да се испита дали е безбеден мостот, да се провери неговата статика, па потоа да се даде одговор. Знаеме дека се создава хаос, меѓутоа не зависи од Град Скопје колку ќе траат овие поправки, рече Арсовска.

Претходна вестОблачно, поројни дождови, грмежи…
Следна вестИницијатива на Османи: Во Охрид да се одржат мировни преговори меѓу Азербејџан и Ерменија