Арсовска назначи нови директори: Саид Саид во „Улици и Патишта“, Крсте Петрески на чело на „Градски паркинг“…

Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска назначи неколку нови в.д директори на Јавните претпријатија во Скопје.

-Со ЈП „Лајка“ назначена е да раководи Радмила Пешева, додека со ЈП „Улици и патишта“ Саид Саид. На в.д директорската позиција во ЈП „Паркинг“ назначен е Крсте Петревски, во ЈП „Паркови и зелениа“ Реџепи Зухејр, додека со ЈП “Дрисла3 назначен е Александар Кузинаков. Во ЈП „Комунална Хигиена“ продолжуваат со раководство Косана Мазнева, ЈСП Александар Стојковски и ЈП „Водовод“ Марјан Митевски, се наведува во соопштението на Градот Скопје.

Во него се додава дека новите в.д директори ќе имаат обврска и одговорност во следните 6 месеци да ги спроведат неопходните реформи со цел консолидација на јавните претпријатија во периодот кој следи од аспект на справување со економската и енергетската криза.

-Обврските се во насока на оптимизација на средствата и процесите, намалување на трошоците и кратење на сите непродуктивни трошења, како и спроведување на реформата во сегментот на вработувања во претпријатијата со која нема да се дозволи лица кои не одат на работа или не ги извршуваат работните обврски да бидат платени од буџетските средства, наведе Градот Скопје.

Претходна вестНад 130 домаќинства во Лисиче добија енергетски фасади, печки на пелети, инвертери…
Следна вестБарања на здруженија на пациенти: Да се прошири позитивната листа на лекови, не е сменета 15 години