Арсовска остана и без заменичката Бујаре Абази

Оставка од функцијата заменик – градоначалник денеска поднесе Бујаре Абази, која додје од редовите на партијата Алијанска за Албанците.

Абази на денешната прес-конференција истакна дека АА од своето формирање континуирано демонстрира принципиелна и транспарентна политика.

– На последните локални избори во Град Скопје ветивме дека ќе ги тргнеме од власт тие кои што наштетија, ограбуваа и им го влошија животот на скопјани, но актуелната градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска, направи две скандалозни прекршувања на договорот и заложбата што ја дадовме пред граѓаните, нагласи Абази, осврнувајќи се на новите функции кои ги добија членови на ДУИ.

Претходна вестКовачки го обвини премиерот дека се криел во 2001 година, Ковачевски откри дека имал абдоменален проблем
Следна вестМладите бегаат од Бугарија: „Тука е хаос“