Арсовска: Откривме дека голем број на луѓе тука земаат плата а работат во Германија, тоа го прекинавме

Откривме дека голем број на луѓе работат во Германија, а тука земаат плата. Ние тоа го прекинавме и затоа се создаде толкав голем отпор, изјави денњеска скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Во итервјуто за „Студио 10“ за телевизијата „24 вести“ таа рече дека тоа било пракса со години.

– Ниту еден ден не се појавиле на работа, а со години земаат плата. Ние повеќето од нив ги отстранивме. Има многу луѓе надвор кои сакаат да работат и чесно би си ја вршеле работата, а не можат да работат затоа што местата ги држат тие кои не работат, а земаат плата. Оттука се создаде тој отпор, рече Арсовска.

Таа вели дека дошло до блокада на Буџетот на Град Скопје. Според неа, ова се должи на „свесната одлука, нестручните и несоодветни амандмани за ребаланс на буџетот поднесени од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ“.

-За прв пат во последни 30 години се случува на последниот ребаланс да се ставаат амандмани. Досега ниту една политичка партија не ставала амандмани. По редот на нештата ова не го направија ниту од ДУИ, ниту од СДСМ, Алатернатива туку ВМРО-ДПМНЕ, знаејки дека тоа ке доведе до блокада на буџетот. Беа предупредени дека не е добро ова за граѓаните, но одлучија да бидат послушници на некој кој што сака да наштети свесно на нешто што градот треба да го реализира. Блокадата не значи дека градот нема да функнционира, туку дека нема да можат да се реализираат активностите меѓу кои и мерките за помош на граѓаните поради енергетската криза и други кои беа планирани. ВМРО-ДПМНЕ е власт во град Скопје. Тие не доведоа свесно во оваа состојба. Верувам дека некогаш во интерес на граѓаните луѓето треба да се надминат себе си, изјави Арсовска.

Претходна вестКовачки: Сметката за вода покажува дека хациендата со базен е сопственост на Петровска и на нејзиното семејство.
Следна вестМилановиќ одби учество на хрватски војници во мисијата на ЕУ за помош на Украина