Арсовски: Шекеринска и Димитров да ги објават сите плаќања од министерствата со кои раководат

Има несовесно енормно трошење на државни пари во време на кризата од страна на власта, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-За само 4 дена платени се 8 милиони денари од власта под ставка репрезентации, услуги во ресторани и патувања. За само 4 дена од 17 до 20 март, во екот на заразата кога стотици граѓани биле заразени и побарале здравствена заштита, кога нема доволно ресурси медицинските лица, кога нема доволно тестови за граѓаните за да се тестираат, биле потрошени 3 милиони 78 илјади и 300 денари на име на репрезентации од страна на функционерите на власта. Функционерите на власта изеле и испиле над 3 милиони денари во време кога ни се случува најголемата здравствена и економска криза. Или ако сакате по денови, 467 илјади денари на 17 март, 710 илјади денари на 18 март, еден милион и 440 илјади денари на 19 март и 459 илјади денари на 20 март, истакна Арсовски.

Како што посочи тој, дополнително не се штедело ниту на трошоци на патувања во земјава и странство. Па така има потрошени вкупно 5 милиони 955 илјади 834 денари или 96.843 евра за патни трошоци, сместувања, хранарина и дневници.

-Во ова предничат неколку ресори, како на пример Министерството за надворешни работи на Никола Димитров со 1.457.517 денари и Министерството за одбрана на Радмила Шекеринска со 1.042.398 денари. Само по овие два основи се потрошени 8 милиони денари за само 4 дена! Бидејќи Шекеринска кажа дека не потрошила ниту денар преку министерството, ја повикуваме јавно како и нејзиниот колега Димитров да ги објават јавно сите плаќања од министерствата со кои тие раководат, рече Арсовски.