Асен Василев е кандидат за наследник на Кирил Петков

Асен Василев, кој во владата на Кирил Петков беше министер за финансии и вицепремиер, е канидат за нов бугарски премиер. Ова денеска го објави Кирил Петков кој нагласи дека има голема доверба во Василев.

-Јас предложив на Продолжуваме со промената следниот премиер на Бугарија да се вика Асен Василев. Човек, во кој имам беспрекорна доверба, со кого ја започнавме борбата рамо до рамо и со кого ќе ја завршиме рамо до рамо во еден тим, изјави премиер во оставка Петков.

До ова доаѓа откако Бугарската социјалистичка партија (БСП), еден од партнерите во актуелната владејачка коалиција е на став дека нема да преговара за поддршка на новиот владин кабинет ако Петков е повторно биде предложен за премиер.

Попладнево, претседателот Румен Радев треба да го предаде мандатот на Продолжуваме со промената. Партијата има рок од седум дена да предложи нов владин кабинет. Ако тоа не се случи, мандатот оди кај ГЕРБ на Бојко Борисов, од каде што веќе кажаа дека ќе го вратат.

На прес-конференцијата Петков се осврна и на дипломатскиот скандал со Русија.

-Нема да дозволам Бугарија да оди во погрешна насока и странски дипломати да даваат насока со рокови до 12 часот, додаде премиерот во оставка.

Петков денеска призна дека имаат разлики со БСП за меѓународни прашања, а имаат лични разлики со некои од пратениците на ИТН, но според неговите зборови ништо не може да биде поважно од просперитетот на Бугарија.

-Сите ние треба да стоиме рамо до рамо и да ја придвижиме промената напред. Сите освен оние кои претпочитаат да ги полнат фиоките со прачки и шипки. Сите освен оние кои се толку корумпирани, ги ставаат на листата „Магнитски“. Сите освен оние што се кријат во темни соби и праќаат СМС да ги контролираат нивните пратеници. Сите освен оние кои се под влијание на странски држави, па дури и нивните прекари се именувани по странски валути, изјави Кирил Петков.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Генчова ги разобличи лагите на Ковачевски, француски предлог е ист
Следна вестНа 2.100 денари ќе се зголеми лимитот за поврат на ДДВ преку скенираните сметки