Асоцијација на спортски обложувалници: Оддалечување на нашите објекти на 500 метри од училиштата ќе значи нивно затворање

Предлогот за оддалечување на нашите деловни на 500 метри од училиштата се отфрла како целосно неприфатлив, соопшти денеска Асоцијацијата на спортски обложувалници и вработените од тој сектор.

-Растојанието од 500 метри ќе значи целосно затворање на сите објекти во кои се приредуваат игрите на среќа и гасење на цела една легална стопанска гранка, се предупредува во соопштението.

Асоцијацијата реагира на Предлог-измените во Законот за игри на среќа кои доаѓаат од Министерството за финансии кое денеска апелира до пратениците во Собранието да бидат усвоени.

-Ќе ги искористиме сите механизми за спречат предлог-измените на Законот да се донесат. Доколку предлог-измените бидат усвоени тогаш ќе излеземе на масовни протести со кои ќе бараат заштита на правата, наведуваат Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија и Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“.

Промените во Законот кои ги предложи МФ се однесуваат на лоцирање на обложувалниците на минимум 500 метри оддалеченост од образовни институции, како и подигнување на критериуми и услови за добивање лиценца и значително зголемување на давачките за приредувачите на игри на среќа и забавни игри.

-После усвојувањето на едно вакво избрзано решение, ќе почне отворање „диви“ играчници, надвор од регулацијата на надлежните институции, каде младите навистина ќе станат таргет. Аргумент за ова е аферата „Детонатор“, од 2011, кога полицијата заплени 1 500 на црно поставени покер апарати во нелегални играчници, се наведува во реакцијата.

Претходна вестПриведена кавадарчанка, со нож го убила партнерот па го запалила телото
Следна вестЗалутан куршум завршил во двор на скопјанка од Чаир