Фармацевтската компанија Астра Зенека во судски документ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика ретки несакани ефекти, вклучувајќи згрутчување на крвта и низок број на црвени крвни зрнца.
Во Велика Британија е покрената колективна акција против Астра Зенека, која тврди дека употребата на вакцината „КовидШилд“ довела до смрт и сериозни штети и бара отштета до 100 милиони фунти за 50 жртви, објави „Индепендент“.
Една од тужителите тврди дека вакцината и предизвикала трајно оштетување на мозокот и дека згрутчувањето ја оставило неспособна да работи.
„КовиШилд“ е развиена од британско-шведската компанија Астра Зенека во соработка со Универзитетот во Оксфорд и Велика Британија, а ја произведуваше индиската компанија Серум институт од Индија, еден од најголемите производители на лекови во светот.
Вакцината се користеше во повеќе од 150 земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Индија. Некои истражувања спроведени за време на пандемијата покажаа дека вакцината е 60 до 80 проценти ефикасна во заштитата од Ковид-19. Сепак, истражувањето покажа дека вакцината „КовиШилд“може да предизвика згрутчување на крвта кај некои луѓе, што може да биде опасно по живот.
Светската здравствена организација (СЗЗО) потврди дека „КовиШилд“ може да предизвика несакани ефекти опасни по живот.
– По имунизацијата со таа вакцина пријавен е многу редок несакан ефект наречен Тромботски тромбоцитопениски синдром, кој вклучува ненадејни и сериозни случаи на згрутчување на крвта поврзани со низок број на тромбоцити. Во земјите каде САРС-КоВ-2сè уште се пренесува, придобивките од вакцинацијата во заштитата од Ковид-19 ги надминуваат ризиците, се наведува во соопштението на СЗО.