Авганистански генерал и снајперист уапсени во Србија

Српската полиција уапси двајца мажи кај Суботица, генерал на авганистанската армија и снајперист по кои Франција има распишано меѓународни потерници за најтешки злосторства и тероризам, пренесуваат српските медиуми.

Работната група за борба против криумчарење луѓе и нерегуларна миграција откри 109 илегални мигранти во месноста Радановачка шума кај Суботица. Како што е наведено, меѓу пронајдените мигранти биле откриени две лица кои светската полиција ги бара за повеќе различни кривични дела.

При акцијата полицијата извршила претрес на теренот и пронашла автоматска пушка со две придружни рамки и муниција, како и помала количина марихуана.

И регуларните мигранти, кои не се од безбедносен интерес, ќе бидат префрлени во прифатните центри. Се додава дека членовите на Работната група извршиле акција на зголемена контрола и на територијата на Хоргош, каде затекнале 93 мигранти кои ќе бидат префрлени во прифатните центри.

Акциите беа спроведени како дел од континуираната работа за сузбивање на нерегуларната миграција, со вклучување на членови на Работната група формирана по наредба на министерот за внатрешни работи, во соработка со Новосадскиот жандармерски одред и Управата на граничната полиција.

Претходно денеска од МВР соопштија дека полицијата во областа Суботица уапсила двајца мажи – генерал на авганистанската армија и снајперист по кои Франција распишала меѓународни потерници за најтешки злосторства и тероризам.

Претходна вестЛажна е дојавата за бомба во објект на Пошта
Следна вестЗапленети над 1000 парчиња петарди, а кога ќе се открие кој ги „увезува“?