Автобус без патници изгоре на патот Охрид-Кичево

На патот Охрид-Кичево кај селото Извор вечерва се запалил автобус, инфомира АМСМ.

Како што не информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски за Канал 5 возачот на автобусот на „Галеб“ од Охрид навреме забележал дека автобусот почнува да гори и се спасил. Автобусот бил без патници.

Возилото е целосно изгорено , а на лице место излегле противпожарни и екипи на МВР. Во меѓувреме патот Охрид- Кичево кај селото Извор е пуштен за редовен сообраќај.

Несреќата се случила нешто по 21 часот , кога од непознати причини автобусот се запалил, а сообраќајот на овој патен правец беше во прекин.

Претходна вестПосебен сообраќаен режим во Скопје поради вежба на МВР
Следна вестЗошто власта 6 години скоро ништо не изгради, а сега брза да гради скапи автопатишта?