Автомобил излета од пат во Штипско, тројца повредени

Три лица се повредени кога автомобил излетал од регионалниот пат Штип – Кадрифаково. Потешко е повредена 61-годишна сопатничка.

Според информациите, возилото што излетало од патот е „нисан“, со штипски регистарски ознаки, а го управувал И. А. (67) од Штип. Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката В. А. (61) од Штип, а телесни повреди добиле уште двајца сопатници – М. Б. (47) и Н. Б. (39), двајцата од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од екипа на СВР Штип.

Претходна вестСе укинуваат сите ковид-мерки, во аптека и во автобус без маска
Следна вестЗапочна протестот „Србија против насилство“: сообраќајот блокиран пред Собранието