Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово на регионалниот пат кај с.Јосифово, валандовско.
Несреќата се случила кога возило „пежо“, со струмички регистарски ознаки, управувано од И.К.(31) од с.Раброво, валандовско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.М.(32) од Валандово, а со телесни повреди се здобил сопатникот П.П.(25) од Гевгелија, констатирани во Општата болница во Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Валандово.