Автомобил паднал во бездна, еден починат и двајца повредени

Возило излетало од магистралниот пат Гостивар – Кичево. При несреќата едно лице се здобило со тешки телени повреди по што починал.

– Вчеравечер, во 22.50 часот, во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во непосредна близина на Новоселски мост, патничко моторно возило „опел корса“, со струшки регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот А. Р. од струшко Долна Белица, излетало од коловоз и паднало во бездна. Во несреќата сопатникот во возилото, З. А. (54), исто така од Долна Белица, добил тешки телесни повреди, од кои починал на самото место, а возачот и другиот сопатник Б. И. (41) од струшко Велешта завршиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Претходна вестОпштина Аеродром и во Ново Лисиче ќе го прошири зонското паркирање
Следна вестПочина македонски актерски великан Мето Јовановски