Автомобил се запалил од петарда

Во полиција во хрватскиот град Задар било пријавено дека избувнал пожар на паркирано возило на 29-годишен сопственик. Пожарот бил брзо изгаснат, а истрагата покажала дека пожарот на автомобилот настанал од невнимателно активирање на пиротехничко средство, односно петарда, која го изгорела предниот дел од возилото.

Како што информираат од задарската полиција, во тек е кривична истрага и се надеваат дека брзо ќе ги фатат сторителите.

– Напоменуваме дека невнимателно и непрофесионално постапување со пиротехнички средства може да предизвика сериозни последици и го повторуваме нашиот апел до граѓаните да не фрлаат пиротехнички средства на места каде што се собираат голем број луѓе, да не користат пиротехнички средства во затворени простори, а особено да не користат импровизирани домашна пиротехника за да не дојде до повреди, информираат  полицијата.

 

Претходна вестЈокиќ и Јанис во трка со Дончиќ за МВП трофејот
Следна вестИстражување на Галуп: 80 проценти од македонските граѓани очекуваат 2023 да биде полоша или иста како претходната година