Автомобил со тетовски таблички заврши превртен на кров во Бутел

Автомобил со тетовски регистарски таблички вчера вечер заврши превртен на кров во скопската населба Бутел. Прва фотографија во медиумите од превртеното возило објави телевизијата Алсат.

На фотографијата се гледа дека возилото е превртено и дека се уште светлата му се запалени. Засега нема буквално никакви информации за тоа дали внатре имало само едно лице – возачот или повеќе лица, како и има ли повредени.

Се очекува МВР да ги соопшти деталите.