Автомобил тешко повреди 85-годишна жена во Аеродром

Со тешки телесни повреди се здобила 85-годишна жена откако во неа удрил автомобил во скопската општина Аеродром. Полицијата соопшти дека несреќата се случила на ул.„23 Октомври”, пред крстосницата со бул.„Кузман Јосифовски Питу”.

атничко возило „Oпел корса”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.М.(67) од Скопје, удрило во пешакот П.Ч.(85) од Скопје. Во незгодата П.Ч. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

Претходна вестUnited Group, сопственикот на Тотал ТВ, доби одобрување од Европската комисија за аквизиција на грчки Forthnet
Следна вестВМРО-ДПМНЕ предлага три модули за наставата во училиштата