Темен режим Режим на светлина

Автомобил удри пешак кај Чашка, пренесен во Скопје

Автомобил удри пешак кај Чашка, пренесен во Скопје Автомобил удри пешак кај Чашка, пренесен во Скопје

Тешко повреден пешак е исходот од сообраќајна несреќа што се случила на 2 мај околу 18:50 часот на регионалниот пат од село Извор кон Чашка, во близина на „Врановски Анови“, информира Министерство за внатрешни работи.

Според информациите, патничко возило „фолксваген“, управувано од 26-годишник од Скопје, удрило во 57-годишен пешак од Велес. Повредениот бил пренесен во болница во Велес, а потоа итно транспортиран во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По наредба на јавен обвинител, увид извршила екипа на СВР Велес, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Наместо растеретување на сообраќајот, електричните тротинети, често создаваат создаваат нов хаос во Скопје

Несреќа во Скопје: 14-годишно девојче со тешки повреди

Следна објава
Со електрошокер ја нападнал поранешната девојка и нејзиното сегашно момче, му помагале уште двајца другари од Скопје

Тепачка пред локал во Центар, повеќе лица учествувале во инцидентот