Автомобил „влетал“ во Канцеларијата на ЕУ

Необична сообраќајна несреќа се случила вчера во раните утрински часови во центарот на Скопје. Жена и нејзиниот совозач, со автомобил влетале во Канцеларијата на Европската Унија, која се наоѓа спроти поранешна НИП „Нова Македонија“.

Како што информираа од МВР, инцидентот се случил вчера околу четири часот наутро, кога жена со автомобилот со кој управувала, од засега неразјаснети причини, ги поминала барикадите на тротоарот и со него удрила во зградата каде се наоѓа Канцеларијата на ЕУ во Скопје. При судирот, било скршено надворешното стакло на Канцеларијата, но за среќа немало повредени.

Се очекува МВР да соопшти повеќе детали за сообраќајката.