Бебе тешко повредено во градинка во Скопје

Родител во СВР Скопје вчера пријавил дека неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда во  градинка на подрачје на Шуто Оризари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Синоќа во 19.50 часот во СВР Скопје, И.С.(28) од Скопје пријавил дека во текот на денот во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 08 часот и, бидејќи е во период на адаптација, ја зела во 10 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, девојчето не престанувало да плаче, по што го однеле во Ургентниот центар, каде лекарот му констатирал скршеница на десното рамо, се наведува во соопштението на Министерството.

Родителите повикаа на одговорност од целата градинка и од општината Шуто Оризари.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестИзгаснати 30 пожари во текот на вчерашниот ден
Следна вестПендаровски: потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората