БЕГ ги загуби и лиценците за снабдување и дистрибуција на топлинска енергија

По лиценцата за производство на топлинска енергија Балкан енерџи груп (БЕГ) денеска ги загуби и лиценците за снабдување и дистрибуција на топлинска енергија. Регулаторната комисија за енергетика денеска ги одзеде лиценците со што оваа компанија веќе нема да ги загрева скопјаните.

-Ние ќе ја известиме Владата за оваа одлука по што треба да се спроведе постапка за избор на вршител на енергетска јавна дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Откако ќе биде извршен изборот, РКЕ ќе издаде соодветни лиценци. Сè до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана да ја врши јавната дејност – производство, дистрибуција и снабдување на топлина, по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата, изјавија од Регулаторната комисија.

Претходна вестУкрадени 16 слики од Павле Кузманоски во Матица Ексклузив
Следна вестТрговците во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници