Политичкиот прогон и заплашувањето нема да ви поминат, порача денеска поранешниот министер за економија од редовите на ДУИ Крешник Бектеши. Во објавата на неговиот профил на социјална мрежа Фејсбук тој реагира на поднесената кривична пријава против него. МВР пријавата ја поднесе врз основа на сомневањето дека вршел притисок врз полициски началник ден пред изборите на 8 мај.
Бектеши ја објави фотографијата од пораката што му ја испратил на полицискиот началник во СВР Охрид, за која заработил пријава.
-Секоја чест. Јаки сте. Срамота треба да ви е да се занимавате со млади луѓе, стои во пораката која што ја објавува Бектеши и која ја испратил до началникот.
Смета дека намерата на Владата е одмазда за „дебаклот на 8 мај“.
– На 7 мај, како координатор на Европскиот фронт во изборна единица 5, од седиштето на Европскиот фронт во Охрид добив информација дека на денот на изборниот молк, шефот на персоналот и членовите на персоналот биле контролирани од СВР- Охрид. Со оглед на тоа дека должност на шефот на секторот е да обезбеди фер и демократски избори, подолу е пораката што му ја испратив како лице задолжено за изборниот процес. Нивната намера е одмазда за дебаклот што го нанесоа на 8 мај. Како Крешник Бектеши секој пат ќе се грижам за граѓаните кои се во постојана тенденција на мајоризација и заплашување, како моите сонародници во Охрид, Крушево, Долнени… И во ова, ништо освен Бог не може да ме сопре. На следните избори ќе се случи народ, стои меѓу другото во објавата на Бектеши.