Белчева: Граѓаните на Центар не го добија она што им се ветуваше на локалните избори

Непремостливите разлики со градоначалникот на Центар не можев повеќе да ги толерирам, вели во интервју за „Скопско ехо“, Јана Белчева, довчерашна претседателка на Советот на општина Центар. Чашата била прелиена на последната седница на Советот, на која таа воопшто не била повикана со цел да поминат некои точки со кои таа не се согласувала. Таа објаснува дека нема да биде параван за одлуките на Центар, но и дека ќе остане во борбата и во активностите за општината.

 Изјавивте дека имате непремостиви разлики што ги имате со актуелното мнозинство и раководство на Општина Центар. На кој се план се појавија тие разлики?

Нашата невладина направи Платформа со која влеговме во коалиција. Таа Платформа со 43 точки и барања беше договор дека ќе работите на остварување на заеднички цели. А да потсетам дека тие цели беа Законско и транспарентно работење на општината, Детални урбанистички планови што гарантираат квалитетни услови за живееење и работа, Решенија за сообраќај и животна средина што гарантираат здравје и безбедност, Програма за инклузивност, образование, култура и културно наследство што ќе ги одбележува локалните урбани истории и трансформации, Одговорно и демократско финансиско работење и планирање на буџетот и најважно Учество на граѓани во работењето на локална самоуправа. Од оваа платформа 5 точки се исполнија и 4 започнаа, а се друго остана празно ветување кон граѓаните, а отпор кај градоначалникот и во Советот од мноштво предложени промени. Тоа се непремостливите разлики кои не можев повеќе да ги толерирам.

Наведувате дека постои „групна хармонија“ во Центар која не е партиска и која нема идеологија туку е со друга поларизација. Која и е основата, која и е целта, кој ја сочинува таа „групна хармонија“? На какви „спреги“ мислите?

Таа создадена и манипулирана групна хармонија е контрадикторна на моите принципи и сфаќања, и на моите определби. Донесувањето лоши одлуки е најчесто случај ако се преферира групна хармонија над независноста на мислата, над аргументите и анализираните достапни информации. Групната хармонијата во Центар се потхранува и со неа се тргува, а тоа води кон неефективно донесување одлуки. Таа групна хармонија во Центар не е партиска, нема идеологија, туку е со друга поларизација, па затоа се случуваат екстремни, ризични, конзервативни или назадни решенија. Приклонувањето кон таква групна хармонија значи и лично помирување дека понапредни, поразумни или стручно/научно сугерирани одлуки се невозможни.

Дали граѓаните до сега добија она што им се ветуваше пред локалните избори во 2017 година?

творено ќе кажам НЕ, и ако се потсетиме на Платформата тоа само се потврдува. Апелирав јавно дека неможам да се согласам ова да продолжи вака, дека систем мора да се гради со полна одговорност, со посветеност, со мерливи резултати и со казнување на грешките и престапниците. Апелите не беа сослушани ниту разбрани од мнозинството, од градоначалникот, па мојот простор на делување остана премал за да ја извојува битката за остварени ветувања

На функцијата дојдовте како претставник на граѓанскиот сектор ма граѓанските иницијативи „Во одбрана на Дебар Маало, на Центар“, „Здравје пред профитот“. Дали и натаму ќе бидете активни и вие и овие иницијативи?

 Ние сме здружени само и единствено околу идејата градот/Центар да го направиме достојно место за живеење, да биде померка на граѓаните, да му напрвиме место на човекот, а не на профитот. Нашето мото за здравје пред профит е нашиот принцип на солидарност, на рамноправност , не неисклучивост, на запирање на наследените практики во кои малкумина заработуваат, а многумина трпат штета од тоа однесување.  Тоа нема да го напуштам, а гледајќи ги реакциите на граѓаните, верувам дека сум го направила исправниот чекор да отстапам од позицијата која ја имам, да не бидам параван за одлуките на Центар, но да останам во борбата и во активностите за нашата општина.