Темно Режим Светло Режим

Белгија, Луксембург и Малта ја признаа Палестина

По денешното признавање на Палестина како држава од страна на Франција, вечерва се придружија уште три европски држави: Белгија, Луксембург и Малта.
Белгискиот премиер Барт Де Вевер изјави дека неговата земја се придружува на групата држави кои ја признаваат Палестинската држава, со цел да испрати „силен политички и дипломатски сигнал“. Тој додаде дека правното признавање ќе следува откако сите заложници ќе бидат ослободени и сите терористички организации, како Хамас, ќе бидат отстранети од власта.
Премиерот на Луксембург, Лук Фриеден, истакна дека неговата земја официјално ја признава Палестинската држава, а премиерот на Малта, Роберт Абела, потврди дека и Малта ја поддржува палестинската државност, додека истовремено го почитува правото на Израел да постои покрај демократската палестинска држава.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, вчера го осуди признавањето на Палестинската држава од страна на неколку историски сојузници на Израел.

Претходниот Пост
Русија во голем напад над Украина: со 400 дронови и 40 ракети гаѓани енергетски објекти

(Видео) Беспилотни летала ја нападнаа Москва

Следниот Пост

(Видео) И во Осло се појавија дронови, затворен аеродромот