Белград: Протести и судир со специјалците по најавата за нов полициски час

Демонстрации во Белград, Србија по најавата дека се враќа полицискиот час. Имено, синоќа насобран народ во центарот на градот протестираа, користејќи и сила, по најавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ за нов полициски час поради порастот на бројот на заразени од новиот коронавирус.

Утрово во Белград е мирно откако специјалните полициски сили ги растера демонстрантите со солзавец и шок бомби.

Инаку, пред српскиот парламент синоќа се собраа неколку илјади граѓани, кои скандираа „Србија стана“. Демонстрантите фрлаа запалени факели, а во еден момент успеааја го пробијат полицискиот кордон и да влезат во холот на Парламентот, по што беа одбиени со солзавец.

Најголемото незадоволство го предизвика најавата за воведување на полициски час во земјата од петок до понеделник. Во Србија во изминатите 24 часа беа забележани 13 смртни случаи од Ковид-19, најмногу од почетокот на епидемијата, а во изминатите денови бројот на новозаразени постојано расте.

Од она што го пренесуваат тамошните телевизии, граѓаните се незадоволни од власта како ја менаџира корона кризата и како прво се фалеле дека го победиле вирусот, а сега бараат народот да седи дома. Се наведува и тоа дека има неколку повредени граќани, но и полицајци.

За попладнево е закажан нов протест.

Претходна вест415 лица казнети за неносење маски
Следна вестШеснаесетгодишник прободен со нож во Чаир