Без струја повеќе делови од Општина Центар

Денеска, поради технички зафати на ЕВН, без електрична енергија останаа повеќе делови на Скопје, главно во централното градско подрачје.

Како што информираа од ЕВН, во периодот од 8 до 16 часот, без струја ќе се корисниците од улиците Јоаким Крчовски, Алберт Станиќ и Прохор Пчински, дел од корисниците од Старата чаршија, објектот на хотел „Буши“, како и дел од корисниците од улицата Самуилова (Oпштина Центар).

Исто така, во периодот од 9 до 16 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата Орце Николов бр. 147, објектите на Агенцијата за станбен и деловен простор, ресторанот ДМ, корисниците од улицата Орце Николов на потегот од улицата Рузвелтова до улицата Донбас лоцирани на страната на ресторан ДМ и ПУИК, како и објектот на тобакото лоциран на крстосницата со улицата Рузвелтова (Oпштина Центар).