Би вовел забрана за увоз на каков и да е отпад

Пожарникарот – спасител, Дејан Маџовски, одговара на прашањето: кои три работи веднаш би ги направил ако е градоначалник на Скопје.

1. Стоп за загадувањето

Би вовел 24-часовен мониторинг на потенцијалните големи загадувачи (Дрисла,Усје, Железарница…). Исто така, би вовел забрана за увоз на каков било отпад: медицински или отпад како погонско гориво! Зголемување на капацитетот на Инспекторатот на Градот како и нивно работење 24/7.

Сите јавни установи кои се под градот под итно своето греење од мазут и нафта да го пренаменат на гас или ел. енергија (инвертори, панели). Истовремено за нив би набавил и прочистувачи на воздух, а би давал и субвенции за нивна набавка како за домаќинствата така и за угостителски објекти.

2. Дозавршување на булеварот „Борис Трајковски“

За градот посебно е важно и да се дозаврши булеварското решение на сообраќајницата „Борис Трајковски“, поранешна „Првомајска“. Од причина што од Пинтија до Драчево се прави многу голема мешаница во текот на целиот ден. Се губи и времето на граѓаните а издувните гасови дополнитлено го загадуваат градот. На истата делница би изградил и  велосипедска патека.

3. Уште еден стационар за кучиња-скитници

Би работел и на решението за статусот на кучињата скитници кој ги има во енормно голем број. Покрај постоечкиот стационар „Вардариште“ би покренал иницијатива за отварање на друг стационар во друг дел од градот со Градско-приватно пертнерство со ветеринарна болница. Освен ова би организирал и „Анимал полиција“, шинтерска служба како што е во повеќето држави од ЕУ.