„Биби, Боби и змејот“ од вчера е во продажба

„Биби, Боби и змејот“ е насловот на сликовницата која од вчера е во продажба. Може да се купи од е-продавницата „Светот на Биби“ но и низ книжарниците низ цела Македонија.
-Си беше еднаш еден змеј… но каков змеј? Страшен и лош или сладок и добар? Иако најдобри другари, Биби и Боби не можат да се согласат околу многу нешта (а особено околу тоа какви се змејовите во сказните). Тие дури и почнуваат да се караат, сè додека заедно не раскажат една волшебна, прекрасна, возбудлива сказна, пишуваат креаторите на сликовницата во најава за можноста за продажба.
Автор на сказната е Билјана Црвенковска, а за илустрациите се погрижи Маја Џеповска.